Општи услови за патување

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Со пријавување и уплата на аконтација за патување од овој програм, се заснова правен однос , договор за организирање на патување помеѓу организаторот на патувањето ГУЛИВЕР МИЛС и патникот , кој добива статус учесник во патувањето со целосна уплата на аранжманот. Одредбите од општите услови на патување се составен дел од овој договор кој ги одредува правата и обврските на договорените страни.

ПРИЈАВА И УПЛАТИ

Пријави за секое патување се вршат до пополнување на местата со уплата на аконтација, назначена на секоја поединечна програма. Пријавите можат да се вршат во агенцијата ГУЛИВЕР МИЛС  и во сите агенции овластени за продажба на овие програми. Пријавата може да се врши и преку пошта , така што уплатата на аконтацијата со назнака за кого  се уплатува и за одбраното патување се уплаќа на ж.сметка 300000000220711 Ком.Банка за корисник ГУЛИВЕР МИЛС – Скопје, со претходна консултација со продажното место. Пријавата се смета за дефинитивна кога ќе се потврди од службата за резервации.При пријавувањето купувачот уплаќа аванс 40% од вредноста на аранжманот , а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот го задржува правото да ја промени цената на патувањето , доколку настанат промени  на цената за превоз, промена на девизниот курс (за аранжмани во странство) и слично. Доколку покачувањето е под 10% патникот е должен да ја доплати таа разлика. Доколку патникот бара раскинување на договорот тогаш се применуваат одредбите за откажување на патувањето. А доколку покачувањето е над 10% тогаш патникот може да го раскине договорот без обврска за плаќање на отказни трошоци.

ОТКАЖУВАЊЕ НА АРАНЖМАНОТ

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето. Откажувањето се врши по писмен пат на продажното место каде е извршено пријавувањето или со телеграм. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци според следната скала:

За отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од цената на аранжманот а најмалку 1200 денари.

За отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 25%

За отказ од 21 до 15 дена 40%

За отказ од 14 до 8 дена 80%

За отказ од 7 до 0 дена 100%

Ако патникот не се појави или го откаже аражманот по неговото започнување , организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот.Доколку патникот го менува терминот на поаѓање за истиот или друг аранжман, но најмалку 15 дена пред поаѓање тогаш му се задржуваат средства од уплатата во висина од 600 денари.

ПАТНИ ИСПРАВИ И ВИЗИ

Корисниците на патувањето се должни да поседуваат важечки пасош и да се информираат кај организаторот на патувањето дали за земјата во која патуваат или за транзитните земји низ кои се патува е потребна виза, за таа навреме да се обезбеди. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност за евентуална неисправност на пасошот или за ненавремено обезбедена виза. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на визата или ако емиграционото одделение на странската земја не одобри влез во неа. Сите евентуално настанати трошоци ги сноси учесникот на патувањето.

ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА НА ПАТУВАЊЕ

Измени во програмата на патување и нејзиното траење се можни во случај на виша сила или настанати околности кои организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Во ваков случај, учесникот на патувањето има право на надокнада во висина на вистинските трошоци кои организаторот би ги имал доколку патувањето се реализирало према предвидената програма. Организаторот го задржува правото до го одложи или откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници. Во овој случај агенцијата му ја враќа на патникот уплатата во целост во рок од 8 дена од денот на откажувањето. Доколку постојат оправдани причини, во текот на патувањето можни се и измени во редоследот на престојоѕ и во туристичката програма.

СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ  И АПАРТМАНИ

Доколку купувачот не договорил соба /апартман со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба /апартман за сместување во договорениот објект опишана во каталогот и ценовникот. Доколку е можно организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања на патникот (комфор, ориентација на собата, кат и слично) но не може да гарантира исполнување на таквото барање.

РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

Во случај на непотполно и неквалитетно извршување на услугите, патникот има право на сразмерно обештетувањее доколку приложи писмен писмен приговор. Секој патник – носител на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден  приговор.

ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИГОВОР
- Веднаш на самото место патникот ја рекламира неадекватната услуга кај претставникот на организаторот, доколку истиот го нема, кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера да се отстранат причините за приговорот. Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.

-          Ако причината за рекламацијата не биде отстранета, патникот за тоа составува со претставникот писмена потврда (записник).

-          Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажнотот место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложува писмената потврда (записникот ) потпишана од претставникот како и евентуалните сметки за дополнителните трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.

-          Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во предложеното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплементирање на информациите и проверка на наведените рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат отстранети и причините кои ги предизвикале.

-          Додека не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое др. лице, судска постапка, или давање информации во јавните медиуми.

Највисоката надокнада по приговор може да достигне сума до износот на рекламираниот дел на услугите, но тоа не може да ги вклучува веќе искористените услуги, како и севкупниот износ на аранжманот.Со ова се склучува правото на купувачот за идеална штета.

ДЕВИЗНИ И ЦАРИНСКИ ПРОПИСИ

Учесниците на патувањето се должни да ги запознаат и да ги почитуваат сите домашни девизни и царински прописи, како и девизните и царинските прописи на земјата во која патуваат.Во случај на непочитување на горенаведените прописи, поради што би било оневозможено користењето на аранжманот, сите трошоци паѓаат на терет на патникот и истиот  нема право на побарување на уплатените услуги.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ

Учесниците на патувањето се должни да се информираат кај надлежната здравствена установа и да ги почитуваат сите здравствени прописи за патување во одредена земја. Во случај на болест во текот на користење на аранжманот трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ги сноси учесникот на патувањето, а по враќањето во земјата, делот од трошоците може да ги надокнади со соодветна документација, доколку со таа земја е склучен договор за здравствено осигурување. Согласно Законот за угостителство и туризам, задолжително е патничко и здравствено осигурување во случај на болест или незгода за време на престојот во странство, кај осигурително друштво, кое можете да го склучите во нашата агенција.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
Учесникот на патувањето е должен сам да се грижи за своите лични документи , патни документи и платежни средства. Во случај на нивно губење пред или во тек на патувањето сите последици ги сноси самиот патник.

При патување со авион потребно е да се провери времето на полетување 1 ден пред поаѓање на пат, бидејќи се можни промени во редот на летање. При патување со автобус, местата за седње во автобусот се одредуваат според редоследот на пријавување кај организаторот на патувањето. За превозот на багажот во воздушниот сообраќај важат истите услови и цени како и при индивидуалното користење на овој превоз.

Аеродромските такси не се вклучени во цената на арнжманот, освен ако тоа во програмата не е поинаку назначено.

Во цената не е вклучено патничко осигурување.

Према угостителските правила, учесникот на патувањето има право да користи соба од 12:00 ч. на денот на заминувањето, доколку организаторот поинаку не се договорил.

Усмените информации на продажните места не можат да го обврзат организаторот повеќе од она што е истакнато во самата програма.

За се што не е регулирано со одредбите на општите услови на патување, ќе се применат одредбите од законот за облигациони односи.

Во случај на спор надлежен е надлежниот суд во Скопје.

ГУЛИВЕР МИЛС

Скопје