ТА ГУЛИВЕР МИЛС е приватна туристичка агенција основана во септември 1998 година . Во своето долгогодишно постоење се издвојува по својата оригиналност и професионалност.
Агенцијата поседува лиценца ‘А’ за тур-оператор, доделена од Министерството за Економија на РМ. Активна членка е на Меѓународната асоцијација IATA (интернационална авио транспортна асоцијација) вклучена во Амадеус системот како и во BSP (Bank Settlment Plan) системот за продажба на авио карти.
Од своето постоење, ТА Гуливер милс е официјална агенција на Фудбалската Федерација на Македонија.
Агенцијата во текот на своето работење постигнува перманентен растеж во сите области на туризмот. Воедно нуди беспрекорна организација на приватни и службени патувања, продажба на пакет аранжмани, продажба на авио карти, организирање на чартер летови, изнајмување на туристички и други капацитети, организација на транспорт и соодветни трансфери, организација на екскурзии, конгреси, семинари и друго.
Во својата долгогодишна работа агенцијата има успешно организирано повеќе културни манифестации и концерти на познати естрадни уметници за кои има добиено посебна дозвола од Министерството за Култура на РМ за обавување на таа дејност. Посебно би ги издвоиле концертите на естрадните уметници: Оливер Драгојевиќ, Кемал Монтено, Раде Шербеџија, Петар Грашо, Маја Оџаклиевска и други.
Тимот на ТА ГУЛИВЕР милс е единствен со единствен пристап во креирање на туристичката понуда. На своите клиенти им нуди најдобри решенија за нивните приватни и службени патувања.
Нашата амбиција е усовршување и понатамошен развој- да бидеме што подобри во сето она што го работиме и нашите клиенти да имаат уште поголема доверба во нас.
• Сопственик и управител: Рената Петрова
e-mail: renata@t-home.mk;